Премиерот Зоран Заев за време на панел дискусијата посветена на Западен Балкан во рамките на конференцијата на „Економист“ истакна дека по договорите со Бугарија и Грција, Македонија е земја што разви огромно пријателство со сите соседи, а говорејќи за европската перспектива објасни дека земјата, заедно со Албанија, очекува во декември да почне преговори со Европската Унија.

За тоа колку време би требало за Македонија да стане полноправна членка на Европската Унија, Заев рече дека имаме реални очекувања и процесот ќе трае онолку колку што е потребно.

Пет, седум, десет години. Зависи од нас, но зависи и од Европската унија колку е фокусирана на Западниот Балкан, рече Заев и додаде дека прашањето, „не е да бидеме членки на Европската Унија, само за да бидеме во ЕУ, туку Европа да ја внесеме во внатрешната на Македонија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.