Според истражувањето на „Јуроп електс“, ВМРО-ДПМНЕ води кај Македонците, а ДУИ кај Албанците во Македонија

Македонија 13.03.2021 / 10:37

„Јуроп електс“ е лидер на пазарот во анализата на анкетите и податоците за изборите во Европа.

Германската старт-ап контекстуализира бесплатни податоци за 120.000 следбеници на Фејсбук, Твитер, Инстаграм и Јутјуб и обезбедува анализа за Ал Џезира, Еуронеа, Фондацијата Хајнрих-Бул, Универзитетот во Грузија и други големи меѓународни актери.

Europe Elects објави и истражување за довербата на граѓаните во политичките партии во Македонија.

Според оваа анкета спроведена на почетокот на март со 1109 испитаници, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите во Македонија со 34,7 проценти.

СДСМ 31,9 проценти, ДУИ 10,4 проценти, Алијанса за Албанците-Алтернатива 8,9 проценти, Движењето БЕСА, 1,7 проценти и Левицата, 6,6 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.

Најнови вести