Доколку премиерот Зоран Заев не поднесе оставка утре до 14.30 часот, како што денес најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, новото парламентарно мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, ААА, Беса и Левица утре ќе покрене постапка за изгласување на недоверба на Владата.

Претресот и гласањето се одржуваат третиот ден од денот на поставувањето на прашањето, предвидува собранискиот Деловник.

Засега, Заев не одговара на прашањето дали оставката што ја најави после вториот круг од локалните избори ќе ја поднесе до рокот поставен од опозицијата. Од неговата СДСМ, пак, само посочуваат дека тој не го повлекува зборот дека ќе се повлече, но нема да се ориентира според туѓи ултиматуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.