Драган Даниловски вечерва имаше јавување во емисијата „Само вистина“ каде што посочи дека има неколку теории како ќе се одвива вториот бран на Ковид – 19. Но тој повеќе верува дека ќе се случи варијантата каде генерално на цела територија на државата нема да има жаришта, туку во одделни т.н. џебови или ќе имаме мали мини епидемиски случувања кои што лесно како мали жарчиња лесно ќе се лоцираат.

Мислам дека сега ова што ни се случува како втора грба на двогрба камила сепак е дел од една иста епизода, од оваа почетнава. Ја би рекол еден епидемиски бран кој што е во два дела. Ова второво е пак ќе речам врз основа на несреќни околности. И практично е дел од истиот напад, од истиот поход на вирусот“, појасни Даниловски.

Даниловски во врска со епидемиолошкиот бран на есен истакна:

Што се однесува до оние сите нагаѓања, дали на есен ќе има втор бран или ќе нема да има, има неколку теории. Има некои кои што застапуваат теорија од некои стручњаци дека втор бран ќе има и дека дури ќе биде посилен, тоа е една теорија. А, втора теорија е дека воопшто нема да има уште еден бран. Дека се ќе заврши можеби таму некаде на лето, во јули месец. И трета опција или трета теорија е дека ќе остане вирусот да циркулира како ендемско заболување во сите земји во светот. И дека ќе се јавува од време на време, сезонски. Исто онака како што се јавува грипот, како што се јавуваат настинките. Или со други зборови тоа што на есен би го нарекле втор бран тоа би требало да биде нешто што ќе биде само зголемен број на случаи и тоа не генерално на цела територија на државата туку во одделни т.н. џебови или ќе имаме мали мини епидемиски случувања кои што лесно како мали жарчиња лесно ќе се лоцираат“.

Даниловски додаде дека последната варијанта односно третата е повеќе веројатна за да се случи на есен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.