Актерката Симона Спировска, учесничка во протестите на Шарената револуција на Фејсбук објави дека ѝ стигнала прекршочна пријава за приведувањето во јуни 2016 година. Спировска пишува дека нема да ја обжали, ќе ја плати и ќе продолжи да ги негува идеалите и нема да дели „ист печат со амнестираните и амнестирачите“.

Во ова предновогодишно и амнестирање (пропратено со лоботомија како еден од условите) ми стигна прекршочната за 27.06.2016, кога ме приведоа. Не сум ја однела да ја обжалам и нема. Решив да си ги плаќам веднаш по примањето. И тие обжалените кога ќе ми стигнат ќе си ги платам. И би одлежала ако не можам да ги доплатам само за да продолжам да си ги негувам идеалите и да не делам ист печат ни со амнестираните, нит пак со амнестирачите.
Грозен ви е злочинот, гадове!!!
Смрдите на шиткачи! Шиткачи на вредности!
Не сте само амнестирачи ами и соучесници.
Јас уште верувам дека еден ден ќе има овде држава, а тогаш ќе одговарате, стои во објавата на Фејсбук.

Спировска и Богоевски беа приведени на 27 јуни 2016 година

Спировска беше приведена заедно со пратеникот Павле Богоевски. Ѝ беше изречена прекршочна казна според Законот за комунална хигиена, за акција на демонстрантите пред шпанската амбасада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.