Професор др. Зоран Спировски од Клиниката за торакална хирургија гостувајќи во емисија „Топ Тема“ посочи дека денешните бројки на заразени не се од кога мерките се олабавија, туку заразените се од кога постоеја мерките.

Мислам дека и покрај тоа што не смее така да биде политиката се повеќе и повеќе почна да врши влијание на одлуките на Комисијата за заразни болести, што не е добро, нагласи Спирковски.

Спирковски додаде дека посебно во услови на пандемија да се врши притисок на Комисија за заразни болести и да се влијае на истата не е на добро.

Медицината треба да се ослободи од политички влијанија. Бидејќи на Балканот за жал се зависи од политиката. Но медицината е една од главните области каде што политиката не смее да се инволвира во одлуките на здравствените работници, пред се на лекарите, појасни Спирковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.