Пред и за време на утрешниот протест што ќе биде организиран во Скопје поради изречените максимални казни за обвинетите во „Монструм”, од безбедносни извори „МКД.мк“ дознава дека се подготвуваат посебни мерки за заштита на јавниот ред, но и мерки на обезбедување – изолација на државните функционери – премиерот, претседателот на државата и на неколкумина министри и лица од одредени институции.

Од МВР за порталот не ги коментираат информациите за преземање на посебни мерки за заштита на функциониерите од државниот врв, кои подразбираат и нивна изолација, туку нагласуваат дека во согласност со состојбите на терен ќе бидат преземани соодветни мерки.

Од организациониот одбор на протестот велат дека протестниот марш ќе тргне од паркот во Чаир и ќе се протестира пред Судот, а потоа и пред Владата. Протестниот марш ќе започне по петочната молитва во џамиите, во 13.30 часот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.