Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24 во врска со македонското државјанство на Олександар Онишченко истакна дека добивањето на државјанство е извршено по членот 11 од законот за државјанство, кој е за национален, економски, спортски интерес и во таков случај одлуката за прием или одбивање ја носи владата по претходно собрани документи и мислења.

Владата има дискреционо право дали некому ќе даде државјанство или не, иако праксата е да се добијат позитивни мислења. Кај овој случај имаме четири позитивни мислења од Коњичката федерација, Македонскиот олимписки комитет, Агенцијата за млади и спорт и Агенцијата за национална безбедност. Тоа се четирите позитивни мислења што беа доставени. Анализаите треба да се прават низ институциите, вели Спасовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.