Во рамки на Форумот 100 дена од мандатот на новата Влада, со фокус на суштинските реформи во сферата на владеењето на правото, борбата со корупцијата и обезбедување сигурност за граѓаните, на прашања од интерес на јавноста, одговараа министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски, за правда, Никола Тупанчески, како и заменик-министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски.

Во однос на трговијата со дрога сакам да напоменам дека во овој период од 100 дена имаме разбиено осум криминални групи од 33 лица, пред се за меѓународни транспорти на марихуана и на прекурсори, работевме и на спречувањето на уличните дилерства на наркотици и во овој период од 100 дена се запленети седум килограми хероин од вкупна вредност од околу 300.000 евра, 1,2 тона на психотропни супстанци за производство на амфетамин со вредност проценета околу 200 милиони евра, над 2,2 тона марихуана со вредност од над пет милиони евра. Исто така и во делот на уличното дилерство во овие 100 дена имаме извршено претрес на некаде околу 40 локации, притоа е запленета поголема количина на хероин, амфетамин, марихуана и други прекурсори и пронајдена една импровизирана лабораторија за производство на марихуана на подрачјето на ОВР Гевгелија. Ова е еден дел од стратешката поставеност на Министерството во изминатиот период, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, додавајќи дека благодарение на одличните резултати државата се позиционираше како кредибилен фактор во борбата против недозволената трговија со наркотици.

Одговарајќи на поставеното прашање за подобрување на ефикасноста на полицијата, Спасовски посочи дека за етаблирање на полицијата како гарант за заштита на законитоста во интерес на сите наши граѓани, континуирано се вложуваше во нова генерација на комплетно опремени и задоволни полициски службеници и во овие 100 дена беа промовирани четири реконструирани објекти, со што вкупната бројка е 73, со имплементирани мерки на енергетска ефикасност.

Минатата година, подвлече Спасовски, беше година кога ја завршивме согласно принципите на Владата и веќе во МВР никаде не се користат цврстите горива или мазутот заради заштита на животна средина преминавме на еколошки системи за греење на работните простории, целосна набавка на работната униформа.

„Најзначајно во овие 100 дена ги изменивме двата Закони, Законот за полиција согласно препораките од ГРЕКО, воспоставивме принципи пред сè на јакнење на интегритетот на полициските службеници“, оцени министерот за внатрешни работи Спасовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.