Бугарскиот министер за внатрешни работи Бојко Рашков изутринава го пречека македонскиот колега Оливер Спасовски, кој заедно со делегација на МВР е во посета на Бугарија.

Рашков му искажа добредојде на Спасовски на влезот во Министерството за внатрешни работи на Бугарија, јави дописникот на МИА од Софија.

Рашков порача дека посетата на Спасовски на Бугарија е навремена, со оглед на претстојното почнување на евроинтегративните процеси на Македонија.

Двајцата министри и делегацииите ќе имаат билатерална средба, по што ќе присуствуваат на заедничка вежба на спедијалните полициски единици на двете земји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.