Вкупно 54 полицајци се повредени за време на протестите против францускиот предлог и инцидените кои се случија на истите, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во дебатниот магазин „Click21“ на 21ТВ.

Имаше 47 повредени полицајци и тоа во еден ден, инаку вкупната бројка е 54 за сите денови кои што протестираат граѓаните, вели Спасовски кој апелираше на мирни демократски протести.

Според министерот, крената рака на полицаец е крената рака на држава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.