Носителот на изборната листа од СДСМ и технички премиер, Оливер Спасовски на телевизиската дебата на ТВ 21 изјави дека уцени и условувања не треба да има од никого и дека преку нив не може да се дојде до решение.

Целта на СДСМ е да имаме успешни избори и да имаме на крајот одлука кој ќе ја формира Владата. Тој кој ќе обезбеди мнозинство во парламентот, ќе формира Влада. Уцени не треба да има од никого, изјави Оливер Спасовски.

Тој, обраќајки му се на против-кандидатот Мисајловски, потенцира дека ниту еден денар од претходната власт не бил оставен во овој дел од државата, ниту пак тоа што било направено било соодветно обележано.

Треба да се натпреваруваме со проекти, обновување на државата почна после режимот. Во Куманово не беше оставен ниту еден денар. Единствено нешто што доби Куманово во тие 11 години е автопатот до Табановце, на кој не му ставивте табла, ни името да не му се знае. Сметам дека треба да бидете многу поискрени во оваа изборна кампања, за да можете да разговарате на ниво на проекти, изјави Спасовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.