Првоосомничениот за убиството на ракометарот Денис Тот, Ангело Ѓоргиевски не бил избеган надвор од земјава и се криел во објект во Скопје, рече вечерва на ТВ24 министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Сите оперативни информации, стеснет простор и тоа допринесе после повеќе часовни активности, лицето да биде најдено и приведено во станицата во Аеродром. Лицето се криело во Скопје, во еден објект, а истрагата мора да се водат низ институциите, но сето она што може да соопштиме ќе го кажеме. Многу информации имаше за овие два дена и на рајот излезе дека е тука и дека е изведен пред лицето на правдата. Знаевме дека не ја напуштил Македонија и се работеше интензивно на тоа, рече Спасовски.

На прашањето дека осомничениот сам се предал на полицијата и дека всушност не бил уапсен, Спасовски на ТВ 24 рече дека тој се предал по повеќечасовни активности на тимот за потраги во Скопје и е приведен во полициската станица Аеродром.

Спасовски не објасни како го убедувале првоосомничениот да се предаде и какви се активности преземал овој тим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.