Граѓанската иницијатива „За Наше Куманово“, изразува жалење што СВР Куманово под притисок на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, последниот период го злоупотребува МВР за спречување на сите законски и тековни активности и проекти на општината кои се во интерес на граѓаните од Куманово, а се предвидени во годишната инвестициона програма.

И покрај тоа што во текот на вчерашниот ден беше потпишан кодекс за фер и демократски локални избори од страна на кандидатите за градоначалници, истиот се прекршува и не се почитува веќе првиот ден од потпишувањето.

 

Ако Министерството за внатрешни работи 11 години функционираше за потребите на ВМРО и беше познато под псевдонимот МВРО, сега истото министерство работи за политичките потреби на СДСМ и станува СДСМ-МВРО – велат од Иницијативата.

Оттаму апелираат, Министерството за внатрешни работи и министерот Спасовски професионално да раководат со оваа институција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.