Актуелниот градоначалник Максим Димитриевски, човек на Циц и близок на Оливер Спасовски се тројцата партиски функционери на СДСМ кои меѓу себе ќе се борат за „татковското“ столче во Куманово.

Освен Димитриевски, кој многупати досега се противставуваше на актуелните политики на својата партија, поддршка очекуваат и пратеникот од Куманово и претседател на Општинската организација на СДСМ во Куманово Мартин Костовски, близок на поранешниот градоначалник на Куманово Зоран Дамјановски Циц и директорот на ЈП Водостопанство „Кумановско-липковско поле“ подружница Куманово, Оливер Илиевски, кој е и секретар на општинската организација на СДСМ и за кого се зборува дека е близок на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Димитриевски пак кон крајот на март во изјава за Фокус рече дека е убеден дека ќе ја добие партиската поддршка на следните локални избори и сега вели дека останува на овој став.

Од СДСМ официјално велат дека се уште е рано да се зборува за конкретни личности кои би можеле да бидат кандидати за градоначалници на партијата.


Целиот текст ТУКА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.