Техничкиот премиер Оливер Спасовски го прими претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел кој допатува во работна посета на нашата земја на покана на претседателот Стево Пендаровски.

-На средбата Спасовски изрази благодарност за зголеменото внимание и отворените јавни изјави за поддршка за што поскоро отворање на пристапните преговори уште на почетокот од преземањето на мандатот на Претседателот на Европскиот Совет, Мишел, и изрази очекување дека датумот за старт ќе дојде бргу по усвојувањето на новата методологија за проширување, откако земјите членки на ЕУ ќе дадат согласност за усвојување за да се испочитуваат ветувањата дадени за Северна Македонија во изминатиот период, соопшти владината прес-служба.

Премиерот Спасовски потенцираше дека за нашата земја тајмингот е од клучно значење, за да не се загрози реформската динамика која допрва треба да ја постигне својата кулминација, како и Преспанскиот договор во неговата важна имплементациска фаза во претстојниот период.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.