Една од главните причини зошто бројот на заразени од коронавирус во последниве денови е во пораст е тоа што луѓето не ги почитуваа докрај забраните за движење и собири. Некои сметаат дека вирусот не постои, дека не е опасен. А, една од клучните работи е што имаше и неработење и саботирање од министерот за внатрешни работи, рече техничкиот премиер Оливер Спасовски во вечерашното гостување на ТВ 24.

Тој јавно најави дека нема да бидат казнувани оние кои ги прекршуваат мерките. Причина за зголемениот број на дијагностицирани е и тоа што се прави таргетирано и масовно тестирање на семејства кои беа зафатени од приватни средби и ифтарски вечери и од конфекциите во Штип. Тоа масовно тестирање придонесе да се зголемува таа бројка, тоа значи дека завршуваат тестирањата во овие неколку дена и се очекува да падне бројот – смета Спасовски.

Техничкиот премиер вели дека системот на здравство и покрај недостатоците функционира и може да се справи и да одговори со капацитетите. Во однос на карантинските мерки, Спасовски вели дека не станува збор за доцнење на одлука за нови рестриктивни мерки.

Сите кластери се ставени под контрола – рече Спасовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.