Во денешната акција „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре” се вклучи и заменик-претседателот на Владата и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој одговараше на новинарски прашања меѓу кои и дали е подготвен за позицијата технички премиер. Спасовски посочи дека тој ќе биде во битката за освојување на уште еден мандат.

Јас сум посветен и овие 20 дена сакам да ги одработам максимално посветено на проектте на Министерството за внатрешни работи и напоменав дека одлуките во однос на технички премиер, идна Влада итн, ќе ги разговараат партиските органи и тела. А каква одлука и да донесат, тоа е одлука која треба да се почитува, рече Спасовски.

Тој потенцираше дека оној што размислува само на која позиција ќе оди, не треба воопшто да биде на ниедна од позициите.

За мене е многу поважен интересот на граѓаните на Македонија, Македонија како како држава, отколку каде јас ќе бидам по 3 јануари. Јас сакам максимално посветено добро да ја завршам работата како што почнав во Министерството за внатрешни работи, а понатаму од 3 јануари знам едно сигурно дека ќе бидам во битката за освојување на уште еден мандат, изјави Спасовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.