Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, имаше средба со амбасадорот на Чешката Република во македонија, Мирослав Томан, на која, како што соопшти МВР, било изразено задоволство за долгогодишната соработка меѓу министерствата и специјалните единици на двете земји кои неодамна реализираа заедничка обука во Чешка, а од чешка страна беше доделена опрема за потребите на Специјалната антитерористичка единица Тигар.

Од МВР дополнуваат дека Спасовски на средбата изразил благодарност за континуираната материјално техничката поддршка од чешката страна, со која се зајакнуваат капацитетите на Министерството за внатрешни работи и на полицијата како и за соработката во рамки на заедничкото обезбедување на јужната граница преку постојаните ротирачки контингенти полициски службеници од Чешката Република, во справувањето со миграцијата и илегалните миграциски текови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.