Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на партиска трибина во Охрид се пофали на клучните реформи спроведени од владата на СДСМ како што е владеењето, од укинувањето на радиодифузната такса, враќањето на евтината тарифа, решавање на проблемот со стечајните работници со последните законски измени, проекти во областа на социјалната политика и намалување на сиромаштијата, проекти во областа на земјоделството, враќање на слободата на медиумите, мислата, говорот.

-За две и пол години целосно го реализиравме столбот од програмата кој враќа пари кај граѓаните, ја укинавме радиодифузната такса, ја вративме евтината тарифа на струјата, ја покачивме минималната плата, посочи Спасовски на трибина во Охрид.
Тој се осврна на трајното решавање на проблемот со стечајните работници за само 2 години од преземањето на одговороноста од страна на СДСМ.
-Ветивме дека ќе го решиме проблемот со стечајците и денес речиси 12.000 стечајци добивата месечен надомест. 11 години ВМРО-ДПМНЕ ги лажеше и профитираше на нивната несреќа, ние за само две и пол години го решивме овој проблем и денес веќе нема стечаен работник кој не е обештетен, рече Спасовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.