Носителот во втората изборна единица Оливер Спасовски  посочи деказа патна инфраструктура, централната власт има вложено шест милиони и 100 илјади евра за патот Опае – Балаковце – Станчиќ – граница со Косово и за обнова на регионалниот пат Матејче Липково.

– За 12 проекти за рамномерен регионален развој одделени се 101 милион 908 илјади 294 денари за изградба на фекална канализација село Отља, општина Липково, за фекална канализација во село Ваксинце, фекална канализација во село Матејче, за подобрување на условите за рурален развој, развој на туризмот и мобилноста во Североисточниот плански регион, за заштита на животната средина, нешто за што ДУИ имаше можност 11 години, но не го направи, рече Спасовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.