Како што ветивме, ќе ги намалиме сите казни за сообраќајните прекршоци, најави синоќа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на трибината „На прав пат“ на СДСМ во Кичево.

Ако е проблем што враќаме повеќе пари кај граѓаните, да ве информирам дека наредната недела ќе доставам до Владата предлог во кој ќе се направат измени во законските решенија и со тоа ќе ги намалиме сите казни за сообраќајните прекршоци. Тоа беше нешто што го ветувавме, нешто што беше дел од проектите и тоа ќе го реализираме, рече Спасовски.

Според постојниот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата донесен во 2015 година, казната за паркирање на улица е 45 евра, од 225 до 500 евра е казната за возење под дејство на алкохот, 45 евра се казните за неносење сигурносен појас и зборување на телефон, 300 и 400 евра се казните се возење над дозволената брзина во населено место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.