Од четврток ќе почнат да се издаваат пасоши со новото уставно име – Република Cеверна Македонија, потврди министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на вчерашната седница за пратенички прашања во Собранието.

Одговарајќи ѝ на пратеничката Ане Лашкоска околу немањето на обрасци за пасоши, Спасовски тврдеше дека тоа не е точно и кажа дека имало проблем само со дипломатските пасоши. Спасовски рече дека во моментов се врши миграција на податоци која ќе трае до понеделник, кога се продолжува со стандарната процедура на издавање на лични документи.

Во овој момент се врши миграција на податоци на новиот надграден систем, по што од понеделник започнуваме повторно со подготовка на издавање на сите документи, кои што ќе бидат усогласени со Уставот, во делот на новото уставно име и со другите законски податоци, рече Спасовски.

Претходно министерот рече дека немало застој со издавањето на пасоши и лични карти, туку имало само зголемен обем на побарувачка, кој се должи на ковид-кризата оти граѓаните не виделе дека им истекуваат личните документи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.