Потребна е реформа на умот, на начинот на кој размислуваме и се однесуваме. Не е доволно да правиме само легислативни реформи. Ние 30 години правиме реформи, правиме концепт, се носи во Владата и Собрание, носиме закони и мислиме дека сме направиле добра работа“, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во „Само интервју“ на Канал 5.

Спасовски додаде дека кога сме надвор од границите на Македонија ги почитуваме законите, правилата и се однесуваме на поинаков начин, а тука не знаеме до крај да си го цениме нашето.

Треба да направиме начин како да бидеме со повисок степен на интегритет и даги почитуваме нормите. Почнува да се менува јавната свест, а со почетокот на преговорите со ЕУ ќе мора законите да дадат резултати“, порача Спасовски.

Тој истакна дека процесот на преговори со ЕУ не е имагинарен процес, туку процес во кој европските вредности мора да станат дел од нашите институции, а тие кои не се подготвени за реформите ќе мора да одат надвор од администрацијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.