Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, денеска изјави дека полицискиот час од 22.00 до 05.00 часот како непопуларна мерка се воведува како резултат на групирањата и домашните веселби.

Дали кога ќе седиме во кафани, во ресторани, во групирања, правење на домашни веселби, не размислуваме дека секој од нас е потенцијална опасност за пренос на вирусот и за евентуална последица смрт?

Одлуките кои што мораме да ги донесеме, никој не ги посакува, меѓутоа тие се резултат на однесувањето на сите нас. Ако не почитуваме, ако не носиме заштитна опрема, ако се групираме, ако правиме настани кои што со сигурност значат ширење на вирусот, тогаш државата во одреден момент мора да изреагира, рече Спасовски.

Владата на дневен ред денеска на редовната седница треба да го потврди предлогот на Комисијата за заразни болести за воведување на полициски час.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.