Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, побарал од неговиот бугарски колега Иван Демерџиев, детална истрага за каменувањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, велат од МВР.

Двајцата колеги разговарале и за најавената донација од Дерменџиев на генератори за струја, за што од МВР дека се подготвува договор за да може да се направи примопредавање.

Министерот Спасовски оствари комуникација со неговиот бугарски колега, во врска со планираната донација и утврдување термин за нејзино примопредавање. Притоа, министерот Спасовски побара детална истрага за каменувањето на македонскиот клуб во Благоевград и доби уверување од бугарскиот министер дека се преземаат сите мерки за расчистување на случајот. Во однос на донацијата, службите задолжени за меѓународна соработка од министерствата на двете земји ги преземаат сите потребни активности за подготовка на договор за донација, врз основа на кој ќе се изврши примопредавањето на донацијата“, велат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.