Дали се приведени некои лица во врска со автобуската несреќа во Бугарија, јавноста ќе биде информирана во соодветен момент, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Како што соопшти Спасовски, лицата се достапни, тука се и се разговара со нив врз основа на наредби од Јавното обвинителство (ЈО). Пронајдено е нешто и во компјутерите што беа одземени од туристичката агенција, но и тоа се факти кои ќе ги анализира ЈО.

Деталите не може да се кажат сега, потенцира министерот, зашто истрагата се води во органите, а не во медиумите.

– Ќе има разговори и со патници од другите автобуси кои вечерта биле во таа група. Но, се чекаат наредбите и врз основа на нив ќе постапуваме зашто сè што не се прибира како материјал согласно наредба на надлежните органи, не се користи како доказ. Веќе се прибираат вакви податоци од ЈО преку МВР, потенцира Спасовски, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата на која неа и министрите за внатрешни работи и за транспорт и врски, Бујар Османи и Благој Бочварски.

Според него, се знае кога пристигнале останатите автобуси во државава, но не се влезени сите во конвои.

– Има точна временска рамка кога пристигнале и кои патници. Сите тие податоци се достапни и се во Обвинителството, рече Спасовски.

Тој порача за фактите околу оваа и сите други истраги, да се слушаат само надлежните органи

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.