Имавме визија да градиме соживот и еднаква грижа за секој граѓанин на државата не ги делиме граѓаните по ниту една основа, а Куманово е пример каде се гради едно општество за сите, по 20 години повторно со храброст и визија спроведовме успешен попис, веќе никој не прашува колку сме, затоа што ова е држава на заеднички можности за сите националности, рече потпретседателот и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Куманово.

-Сега уште подобро ќе креираме политиките, за животниот стандард на граѓаните да биде подобар, една од тие инвестиции е и онаа од 500 милиони евра за ветерници кои ќе произведуваат струја,која ќе се гради почнувајќи од Куманово. Успеавме да реализираме над 7000 проекти, не седиме и не се жалиме, ги решаваме проблемите на граѓаните, никој нема право да кочи и блокира, развојот носи и подобар живот, Не ни требаат демагози и калкуланти за градоначалници кои работат да го зголемата личниот рејтинг наместо да се борат за граѓаните, туку некој кој ќе се бори за секој граѓанин и затоа на 17 октомври ја имате најелесната задача, да гласате за бројот 12, рече Спасовски.

Тој потсети дека во Куманово е изграден ургентен зентар во Куманово, патишта канализации се со пари од Владата за и покрај наследените долгови, се со цел како што рече за Куманово да остане на кумановци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.