Прашан за неговиот личен став односно како ги толкува заканите од поглаварот на ИВЗ, техничкиот премиер Спасовски одговори дека на почетокот на кризата разговарале со верските водачи во нашата држава, во смисла на почитување на одлуките се со цел да се зачува животот и здравјето на граѓаните.

(фото: Влада на РМ)

– И мислам дека тука одговорност имаат сите, не само државните органи, не само носителите на функции, туку одговорност имаат токму и водачите на верските заедници и мислам дека досега имаат почитување со некакви можеби исклучоци. Знаете дека ИВЗ донесе одлука не работеа џамиите во овој период. Јас очекувам дека таа одлука ќе биде одлука врз основа на која што и понатаму ќе се продолжи со работењето се со цел да немаме никаков ризик по животот и здравјето на граѓаните. Така што, важно е да се почитува. Тоа што ќе имаме јавни настапи и начин на којшто ќе се соопштуваат некакви одлуки и лични ставови тоа се нивни работи и тука јас не се мешам воопшто. Меѓутоа, треба да се знае дека тоа што е одлука на Влада, тоа што е одлука што важи за сите мора да важи подеднакво за сите без разлика од каде доаѓаат, истакна Спасовски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.