Нема застој со издавањето на пасоши и лични карти, тврди министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, според кого има само зголемен обем на побарувачка, кој се должи на ковид-кризата оти граѓаните не виделе дека им истекуваат личните документи.

Лични документи се издаваат и сега, едноставно имаше зголемен обем на побарувачка поради ковид-кризата, многу од луѓето не виделе дека им истекува рокот на важноста на личните докуемнти. Имаме најава дека од денеска од 21 часот ќе имаме миграција на податоци во новиот систем за издавање документи, тоа е процедура којашто мораме да ја завршиме, бидејќи на тоа не обврзуваат и законите и Уставот и веќе од понеделник повторно започнуваме со нормално функционирање. Застојот ќе биде во четврток, петок и викендов, изјави Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Берово.

Спасовски потсети дека со законски измени се овозможи продолжување на важноста на патните исправи до крајот на годината.

Апелирам на трпение од граѓаните, ние затоа го променивме и законот, од 1 јули ќе можат сите оние кои им истекле личните документи ќе продолжат да важат до крајот на годината и секој од нас како што ги добиваме термините да можеме да извадиме нови патни исправи. Значи, во моментов нема застој, а застојот од вечерва ќе биде поради трансферот на податоци, рече министерот.

Освен со вадење пасоши и лични карти, за кои се чека со месеци, граѓаните имаат проблем и со возачки дозволи, а регистарски таблички нема со месеци. Нема ни свидетелства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.