Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција рече дека најкатегорично ги отфрла шпекулациите за какви било договори за бегството на Сашо Мијалков.

МВР ги презеде сите расположиви мерки за обезбедувањето на лицето и активно работи на пронаоѓање на бегалецот и негово приведување пред правдата, рече Спасовски, презентирајќи хронологија на настаните според него и МВР.

Додаде дека во тек се информативни разговори со лица кои е можно да поседуваат информации или се поврзани со бегството на Сашо Мијалков.

Во текот на вчерашниот ден извршени се информативни разговори со 10 лица, меѓу кои се членови на семејството и обезбедувањето, а денеска дополнително се повикуваат други лица. Одземени се телефони, документација и други предмети кои можат да послужат во врска со случајот. Обезбедени се снимачи од згради и објекти, а проверувани се и камерите од „Безбеден град“ со цел добивање на дополнителни информации, објави Спасовски.

Спасовски вели дека се сомнева дека постои крт, но не мора да значи дека е во неговото Министерство туку и во сите надлежни институции кои, како што вели, долги години беа под водство на „режимот“. Истрагата ќе покажела .

На прашањето дали чувствува одговорност, вели дека за да се чувствува одговорност треба да направите намерен пропуст или да не постапите во однос на насоките, но дека МВР постапило веднаш со сите расположлици средства.

Мора да ја бараме одговорноста во непостоењето на целосен систем. Доколку не се среди системот во земјата и доколку имаме вакви сериозни пропусти во делот на системот, секако дека ќе имаме и нови вакви настани, рече тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.