Денеска, одбележувајќи го Меѓународниот ден за борба против корупцијата, со донесен План за борба против корупција, кој обилува со мерки кои како институции веќе ги имплементираме, со Кабинет на Заменик на претседателот на Владата за борба против корупцијата, како главна точка на поврзување на сите антикорупциски институции, со право можеме да кажеме дека – ставајќи ја борбата со корупцијата меѓу врвните приоритети на оваа Влада, покажавме дека тоа не е само начин на добро владеење.

Ова го напиша денеска на неговиот Фејсбук профил министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Борбата со корупцијата е најсилната алатка за самоодбрана на една држава, чин на вистински патриотизам!, објави Спасовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.