Денеска, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, заедно со својот албански колега Бледар Чучи, на заедничката меѓувладина седница помеѓу Република Македонија и Република Албанија потпишаа два акта со кои двете држави потврдуваат идна поинтензивна соработка и успех во заедничката борба со организираниот криминал, зацврстување на прекуграничната соработка и реализација на многу заеднички акции.

Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Министерството за внатрешни работи на Република Албанија бележат одлична и успешна меѓусебна билатерална соработка, која е на доста високо професионално, стратешко и оперативно ниво. Во рамките на оваа наша заедничка владина седница, денес, јас како министер за внатрешни работи на Република Македонија предложив 2 акта за потпишување. Првиот, протокол помеѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Министерство за внатрешни работи на Република Албанија за начинот на вршење или спроведување заеднички гранични проверки на заедничкиот граничен премин ЌАФАСАН/QAFË THANË. Вториот, договор меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Република Албанија за формирање заеднички работни тимови во областа на безбедноста. Овој договор е предложен во насока на унапредување на меѓусебната соработка, особено во борбата против организираниот криминал. Спроведувањето еден ваков меѓународен билатерален акт ќе придонесе кон сузбивање опасности врз безбедноста и ефективнa борба против меѓународниот организиран криминал преку безбедносното партнерство со помош на координирани активности, изјави Спасовски.

Тој потенцира дека, дополнително, со потпишувањето на протоколот и на поговорот Република Македонија и Република Албанија потврдуваат идна поинтензивна соработка и успех во заедничката борба со организираниот криминал, зацврстување на прекуграничната соработка и реализација на многу заеднички акции.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.