Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, оствари работна средба со заменик претставникот на УНИЦЕФ, Артур Ајвазов, на која била потврдена долгогодишната меѓусебна соработка, што досега резултира со голем број заеднички спроведени активности и проекти, успешно реализирани во координација МВР и УНИЦЕФ.

Главниот фокус на состанокот биле програмата и активностите што се дел од Работниот план на УНИЦЕФ со Министерството за правда, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за внатрешни работи за 2022 година, со вредност од околу 585.000 американски долари.

Една од темите на состанокот биле досегашните и претстојните активности во врска со проектот финансиран од Канцеларијата на Европската делегација и УНИЦЕФ „Правда за деца – ЕУ и УНИЦЕФ за правда по мерка на децата“, со вкупна вредност од 625.000 евра, предвиден да трае две години (01.11.2020– 31.10.2022) и разгледување на аспектите од досегашната и можните приоритети во идната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и Канцеларијата на УНИЦЕФ во земјава.

Како што соопштија од МВР, од страна на заменик претставникот на УНИЦЕФ Ајвазов била изразена благодарност до министерот Спасовски за континуираната поддршка.

Ајвазов ја нагласил активната соработка со Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и полициските службеници во изминатиот период, а од страна на министерот Спасовски уште еднаш биле потврдени отвореноста и заложбите за натамошно продлабочување на заедничката соработка



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.