Подпреседателот на СДСМ Оливер Спасовски вечерва беше на средби со граѓаните убавата општина под Скопска Црна Гора, Чучер Сандево.

„Во недела во Чучер Сандево гласаме за Општина предводена од Сашо Комненовиќ и советници кои ќе соработуваат и ќе реализираат проекти.“, потенцираше Спасовски.

Тој ја потенцираше посветеноста и на централната власт да ги помага општините и проектите кои го унапредуваат квалитетот на животот на граѓаните.

„Како централна власт заедно ќе соработуваме и ќе ги поддржиме проектите на Сашко кои ќе ги планира за подобрување на животот на жителите од Чучер Сандево“, рече Спасовски.

„Затоа во недела да излеземе масовно и да гласаме за #Најдоброто, да гласаме за број 12 за Сашко Комненовиќ за градоначалник и листите за советници предводена од Сања Белинска.“, ги повика граѓаните на Чучер Сандево, Спасовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.