Со автобусот се превезувале 52 патника, а од настанатата сообраќајна незгода и пожарот настрадале 45 лица, (податок, истакна министерот, што го потврдило и Бугарското обвинителство), додека седум лица успеале да го напуштат автобусот и потоа биле пренесени во клиниката УМБАЛСМ „Пирогов“ во Софија.

– Увидот на самото место го водел надлежен обвинител од Националната служба за истраги од Бугарија и лиценцирани вештаци ангажирани, исто така, од обвинителот, додека обезбедувањето на самото место на случената сообраќајна незгода се вршеше од страна на сообраќајна полиција од Националната полиција на Бугарија. Од страна на обвинителот нашиот тим беше запознат за преземените дејствија од нивна страна при вршењето на увидот и активностите при подигањето и документирањето на лицата кои настрадале во незгодата. Потоа, тимот во клиниката УМБАЛСМ „Н. И. Пирогов“ во Софија, се информираше за здравствената состојба на повредените, при што изврши неформален разговор со едно лице со лесна клиничка слика, а од извршениот разговор тимот беше подетално запознаен со неговото видување за случувањето и текот на сообраќајната незгода, како и за преземените дејствија од негова страна кои овозможиле покрај него, од автобусот да се извлечат уште шест лица, рече Спасовскo.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.