Во овој момент сосема е неважно кој ќе ја предводи техничката влада, туку е важно што ќе се случува до 31 декември во однос на подобрувањето на животот на граѓаните, рече министерот за внатррешни работи Оливер Спасовски.
Апсолутно сите ние сме насочени кон тој момент. За нас важно е, што ќе направиме до 31 декември, до формирањето на таа техничка влада, колку проекти ќе реализираме, колку граѓаните ќе почувствуваат дека имаат подобрување во начинот на живеење и во начинот на оставрување на своите права, истакна Спасовски.
Во овој момент, не е многу голем интерес на граѓаните кој ќе ја предводи техничката влада за уште сега, како што додаде Спасовски, да се разговара на таа тема. Дополни дека за формирање на техничката влада, постојат рокови, по што ќе се донесат одлуки и ќе се изберат личности кои ќе ја предводат таа влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.