Фактот што странци ќе гонат криминал и корупција во Македонија е пораз за МВР на Спасовски и распупеното правосудство. Ова е јавно признание на нивната неспособност и врските со криминалот. Впрочем ова покажува дека изворот на корупцијата во Македонија се самите носители на власта и функционерите во институциите, па затоа нема борба против криминалот, туку негова заштита, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Да имаа грам доблест уште вчера во пакет првите луѓе во правосудството и МВР ќе си поднесеа оставки после ваков пораз. Посебно место во ваквиот погабаритен пакет треба да има за Оливер Спасовски заради случаите со „Пајак 1“ и „Пајак 2“, заради пробиената акција „Планина“, заради фатениот началник што пренесува дрога, заради 215 пасоши за мафијаши, заради набавката на софтвер од фирма на црната листа на САД, заради ограбеното депо со оружје во Охрид, заради пасошот на Онишченко, заради штитењето на самоволието на синот на заменик министерот Буши, заради нерасветленото прислушкување на обвинители, заради мал милион скандали и афери.

Ако Спасовски и правосудните органи не беа заштитници на криминалот, тогаш Македонија немаше да дојде до ваква состојба, тврдат од ВМРО ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.