Актуелниот градоначалник на Куманово Максим Димитриевски и претседателката на Советот Атина Мургашанска се елиминирани од кандидатурата за нови членови на Централниот одбор на СДСМ, дознава Кумановски муабети од внатрепартиски извори.

Порталот пишува дека поминале повеќе предлози меѓy кои Оливер Спасовски, Мартин Костовски и Лидија Тасевска (актуелни пратеници) и други кандидати блиски до Спасовски и Костовски.

Од самиот врв на ОО на СДСМ за Кумановски муабети велат дека на 16 мај ќе се одржи конгрес каде ќе се избира централен одбор со 120 кандидати. Досега од Куманово како членови биле Оливер Спасовски, поранешниот градоначалник Зоран Дамјановски, актуелниот Максим Димитриевски и Александар Арсиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.