Канцеларијата на претседателот на Владата категорично ја отфрла како неточна информацијата објавена на вашиот портал во која се тврди дека претседателот на Владата на Република Македонија Оливер Спасовски користи службено возило за партиски цели.

Премиерот Спасовски, во својство на потпретседател на СДСМ денеска доцна попладне, надвор од работното време, имаше активност во општинската организација во Бутел и на настанот пристигна со возило кое не е сопственост на Владата или на која било друга институција-велат од Владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.