Владата го изгуби парламентарното мнозинството, но партиите од опозицијата, иако имаат консензус за изгласување на недоверба на владата, не може да се каже дека имаат постигнато и договор за формирање на парламенарно мнозинство кое евентуално би ја избрало новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, вели универзитетскиот професор Александар Спасеновски.

Коментирајќи го развојот на настаните на политичката сцена, Спасеновски за Фокус вели дека во периодот што следува ќе циркулираат и разни идеи за свикување на лидерски средби, за создавање на влада на широка коалиција или пак за одржување на предвремени парламентарни избори.

Изедначениот распоред на силите на партиите од власта и од опозицијата во Собранието кој се должи на резултатите од претходните парламентарни избори, како и малата веројатност дека ќе се најде постабилен програмски консензус за создавање на некоја нова политичка влада, сé повеќе ѝ дава смисла на опцијата за одржување на брзи предвремени парламентарни избори – смета тој.

Целиот текст овде.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.