Во Кабинетот на претседателот, Стево Пендаровски во „Вила Водно“ со почеток во 11 часот, ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Република Македонија.

Покрај редовните членови на Советот, по покана на претседателот на седницата ќе присуствува и министерот за здравство, Венко Филипче.

Од Кабинетот соопштија дека на деветтата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на Ковид-19 и мерките и активностите на надлежните институции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.