Претседателот на Советот на јавни обвинители, Коле Штериев, кратко по седницата за поведување постапка за разрешување на Јанева изјави дека едногласно е донесено решение за отпочнување постапка за разрешување на Катица Јанева од шефица на СЈО.

Извештајот најверојатно ќе биде доставен до Собранието уште денеска, каде треба да го разгледа прво Комисијата за избори и именувања, а потоа за разрешувањето на Јанева треба да гласа и Собранието.

Што ќе се случи со предметите на СЈО доколку Јанева биде разрешена, а не биде избран в.д. шеф на СЈО, Штериев не сакаше да коментира. Според него, Советот на јавни обвинители има можност да избере в.д. обвинител, но дури откако Јанева ќе биде разрешена.

Штериев потврди дека ваква можност има во Деловникот за работа на Советот.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја осомничи Јанева дека ја злоупотребила службената положба и овластување и му овозможила на осомничениот Орце Камчев, во предметот „Империја“, да излезе од притвор и да добие времен пасош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.