Советот на амбасадори од Македонија, предводен од претседателот Мухамед Халили, заедно со членовите на Извршниот одбор на Советот, Љупчо Арсовски и Тихомир Илиевски, остварија средба со поранешниот претседател на државата, Бранко Црвенковски.

Од Советот информираат дека клучна тема на состанокот биле досегашните и актуелни искуства на земјата кон идното членство во Европската Унија.

Беа проценети и некои евентуални можности што се во доменот на надлежностите на граѓанските здруженија и активисти, како што е и македонскиот Совет на амбасадори или на угледни личности со претходни искуства на активни политички позиции, да се придонесе во напорите да се повлече блокадата со која подолго време Македонија е соочена со утврдување датум за одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ, се вели во соопштението.

Од Советот велат дека согласно процентите, секое претходно политичко и државничко искуство би можело целисходно да се искористи во тој процес. Од таму додаваат дека го поканиле Црвенковски да ги истакне своите погледи и идеи во овој контекст, на трибина во организација на ова граѓанско здружение, што се планира за првите месеци од мандатот на идното, француско претседавање со Европската Унија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.