Премиерот на татковината, Зоран Заев, има советник кој се вика Зијад Беќировиќ, претставен како основач на Институт ИФИМЕС од Љубљана кој, според сопственото признание се занимава со геополитики на Блискиот исток и Балканот. Директор е Бахтијар Аљаф, Курд по национланост и новинар. Имаат повеќе деректори што е добро за лепење авторитет пред странките, а Беќировиќ е еден од нив. Тука се и Мунтар Ал Фадал како и Мохамед Суливани, Ирачани, пишува Драган Павловиќ – Латас во својата колумна „Zijo, nesrećo, man’ se ćorava posla“.

Зијад е советник на Заев за економски прашња, а која економија практикува и колку е таа леплива и соодветна за разбирањата на Зоран Заев, ќе видиме подоцна. Дополнително, што е моја претпоставка, Заев бил импресиониран освен од делата и од ликот на Зијад Беќировиќ кој неверојатно личи на советникот му Љубе Бошкоски од помлади години, го има истиот туп и преварантски поглед со полуосмех.

Тој институт на Зијад Беќировиќ излегува со “стратегија“ дека Рекет во Македонија и не е рекет, туку шпионски план на Русите како да го наместат Заев и неговата влада, да го симнат од власт и да оневозможат Македонија да влезе во НАТО. Нормално, за Зијад Беќировиќ Мицкоски и опозицијата се луѓето на Путин кои треба да извршат таков преврат, а Заев е добриот Американец кој за малку ќе бил нивна жртва. Оваа стратегија Заев и владата им ја платиле, и сега ја шират како спасоносна мантра. Лечење на тешка болест со баење и магии.

Заев има склоност да се дружи со измамници, пробисвети, криминалци, битанги и општествен олош. Сетете се уште од опозиција за неговите дружби со фалсификаторот на пасоши и документи Захир Бектеши Чауш, дружбата со дилерите од Арачиново и Грчец кои му работат за избори. Од сите бизниси на светов Заев се фати за марихуана, дрога по дефиниција, а планира да работи со Биг Мајк, лик кој е под присмотра во барем десет држави за дилување и перење пари. Советници му станаа Љубе Бошкоски, осуден за земање 100.000 евра од Грци за финансирање политичка кампања. Тука е и советникот Зоран Башановиќ со долго досие, фатен помеѓу останатото како крадел по дуќани во Америка. Година дена муабетеше со лажниот Порошенко со кој планираа давање мито од 100.000 евра за купување признание за МПЦ… Ни овој советник, “стратегот“ Зијад Беќировиќ не е ништо подобар од тоа друштво.

Зијад Беќировиќ е, според сето видено, шарлатан и измамник кој живее од суетата на политичарите и продажба на “студии и стратегии“ по нарачка, како последната за Зоран Заев. Интелектуално и функционално, тој е ниво помеѓу Саше Мактел и Стојанче Ангелов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.