Советникот Мишел Силјаноски поднесол оставка на местото Координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на општина Охрид, објави Охрид 1.
Информацијата за „Охрид 1“ ја потврдиле извори од СДСМ, но и од Локалната самоуправа.

Неофицијално причина за оставката е директна физичка закана упатена кон Мишел Силјаноски, како и неможноста да се обезбеди мнозинство по повеќе точки.

Неофицијално за ков координатор во СДСМ се подготвува советникот Ристе Булоски.

Коалицијата на СДСМ и партнерите составена е во 2016 година од страна на Томислав Тунтев.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.