Советникот на премиерот изиграва тајни служби. Па брука, тој што излага на истите места да слика и после демек да компромитира, пишува на својот профил на фејсбук Ивор Мицковски, аналитичар и новинар.

Јас немам проблем да се поздравам во град со никого, делумно тоа и ми е работа, ниту се кријам, ниту имам што да кријам. Размислете си вие што тајно се гледате или отворено правите дилови, пишува Мицковски.

Порнашениот член на СДСМ им порачува на сегашните членови на владејачката партија.

Значи да расчистиме драги демократи. Хајката гледам дека ви е тотална, Милчин, Геро и Ивор треба да се оцрнуваат и да се компромитираат како се знае и умее.

Па вакви работи мислевме ги поминавме и овие болести ги прележавме со ВМРО, ама ете, пошто не сте исти, поинаку и функционирате. Пошто не можете да ја поднесете критиката, да се соочите со аргументите, ви останува само ад персонам напади, фабрикации и оцрнувања.

Ќе ве издржиме. Инаку купете им поубави камери на Забрчанец и Ангел, срамота со ваков лош квалитет да вадат компромати, пишува Мицковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.