Порталот „Нетпрес“ објави дека во обвинителство е составен меѓународен тим на експерти кои ќе ги мониторираат случаевите со кривични кои ги поднесе Бојан Јовановски за јавни функционери.

Како што е веќе познато Боки 13, кон крајот на минатата година поднесе десетици кривични пријави до обвинителството за актуелни и поранешни функционери, јавни личности и луѓе за кои се смета дека се вмешани во шема на кривични дела, а поврзани со кршење на законите и рекетирање.

Уште на самиот почеток кога беа поднесени кривичните, неофицијално низ медиумите се говореше дека Бојан Јовановски побарал независни меѓународни правни експерти преку дипломатските претставништва во државава, се со цел заштита и непристрасно водење на случаевите.

Според информациите до кои дојде „Нетпрес“ од обвинителството велат дека после цели 6 месеци, составен е таков тим од десетина меѓународни правни експерти преку дипломатските претставништва, кои според неофицијалните информации кои ги добиле, веќе се пристигнати во Република Македонија од пред неколку дена и подготвуваат агенда за цивилен мониторинг на случајот.

Неофицијално, меѓународниот тим на експерти ќе треба да има средба со подносителот на кривичните пријави Бојан Јовановски, во присуство на лица од обвинителството.

Дали и кога ќе се одржи средбата, од „Нетпрес“ велат дека ќе чекаат одговор од обвинителството.

Неофицијално, овие луѓе ќе имаат за задача да го мониторираат целиот овој процес, се со цел ефикасност, непристраснот и заштита од влијанија на инволвираните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.