Конститутивен состанок на Акциската група за координација на институциите на државата за борба против дезинформации и напади на демократијата ќе се одржи денеска во Владата на Македонија.

Состанокот, како што најави владината прес-служба, ќе го отвори и модерира министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, по што ќе се обратат премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери и претседателот на Македонија, Стево Пендаровски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.