Почнаа да пристигаат првите резултати од избирачките места. Според информациите до кои дојде Република во Прилеп кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Борче Јовчески води пред ривалот од СДСМ, Горан Сугаревски.

Во село Чепигово 66 лица гласале за Јовчески, наспроти 37 за Сугаревски. За советничка листа пак 77 гласале за ВМРО-ДПМНЕ, 24 за СДСМ. Во избирачко место 1455 во градската населба Тризла 159 гласа се за Јовчески, 96 за Сугарески. Во Тризла 2 пак 210 наспроти 192 во корист на Јовчески. Во изборно место Рид 96 гласа се за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, 80 гласа за Сугарески.

Според информации од партиските штабови Сугарески гуви од своите соседи. Во неговото избирачко место во предност е противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.